РЕАКЦИЈА НА ВМРО ДПМНЕ -БИТОЛА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СДС


Почитувани од СДС, единствен кој го брани криминалот во Република Македонија е Зоран Заев, платени гласноговорници и ботови по социјалните мрежи.

Зоран Заев е аболициран криминалец за криминал од 8 милиони евра. Владата која тој ја предводи во сите извештаи кои го мерат степенот за справување со корупцијата е на дното бидејќи со оваа ненародна власт безмилосно секој ден се повеќе краде од граѓаните.

Уставобранителите се неправедно осудени на повеќе од два века затвор но таа неправда која е нанесена од оваа власт кога тогаш ќе биде исправена, а нарачетелите на овој процес ќе одговараат.

Одговорноста доаѓа и од неа нема да може никој да избега. Почитувани сограѓани, најлошо е кога на одредена тема се појавува Невена Димовска, портпарол, регионален попишувач, член на управен одбор и дежурен бранител на неодбранливите грешки и глупости произведени од кујната на Заев и Петровска.

Терористите за кои зборува Димовска добија ослободителни пресуди од Уставниот суд во Шведска и Грција, со ваков поган речник и лична дисквалификација на уставобранителите им се обраќаат само платениците на вештачката творба наречена "северна". Денес госпоѓице Димовска во Скопје се случи семакедонски протест на кој се приклучи со поддршка и ВМРО-ДПМНЕ, денес беа запазени сите протоколи на истиот начин како при ажурирањето на членството на СДС и локалните избори во Штип а преседанот кој го направи вашата "мрачна хероина" кршејќи ги сите закони за да присуствува на седница на која гласаа 115 пратеници навистина не вреди да се дискутира, се надеваме судот ќе донесе правична одлука и пратеничката со скафандерот ќе одговара пред законот.

Димовска, тебе и на твојата криминална власт, во Скопје денес ви се случи народ кој бара правда и фер судење на луѓето кој се спротиставија на вашето злосторничко здружување со ДУИ и нелегалниот избор на претседател на Собрание, народ ќе ви се случува секој ден до вашето конечно заминување на темната страна на македонската историја која упорно се обидувате да ја избришете, на крајот ве убедуваме дека вас сеуште не ви се случило ВМРО-ДПМНЕ а тоа ќе го почуствувате на следните локални избори а ден потоа секој од вас ќе понесе лична одговорност.

Бидете сигурни Македонија ќе победи!


29060043_2016680208590936_36926234558838