Лукашенко: Пocтojaт тpи cцeнapиja зa aтeнтaт, двa oбиди бea нeycпeшни, ceгa oдaт нa тpeтa cpeќa

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави денес дека организаторите на пучот изработиле неколку сценарија за атентат врз него.

Според Лукашенко, организаторите на пучот првично планирале да го убијат на парадата на 9 мај, но, како што додаде, „тешко е да се замисли дека таков план може да се спроведе во Белорусија, па затоа се откажаа од првичната идеја, објави агенцијата БелТА.

Тогаш тие го разгледаа нападот врз претседателската колона, па дури и купија ракетни фрлачи и ги доставија во Белорусија, додаде Лукашенко.

Сепак, тие се откажаа и од тој план, бидејќи од безбедносни причини, возилата во конвојот одат со голема брзина и има малку шанси да бидат погодени, додаде белорускиот претседател, пренесе агенцијата Тас.

Лукашенко исто така рече дека има трето сценарио и предвиде дека вооружени лица ќе ја нападнат претседателската резиденција надвор од градот.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838