ВИДЕО I Витанов: Ќе се манипулира со податоците од пописот, затоа е подобро да немаме никаков


Во денешното издание на „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс, за актуелните настани во земјата, меѓу кои и пописот, зборуваше гостин беше Зоран Витанов, поранешниот пратеник, заменик министер за финансии и бизнисмен. Витанов посочи дека треба да има, но не на начинот на кој оваа власт се обидува да го спроведе со нерелевантни попишувачи кои ќе манипулираат со податоците, бидејќи полошо од немање попис е попис кој нема да даде точни податоци.


„Секако дека не функционираме со податоците од 2002 бидејќи не се релевантни веќе. Но би сакал да има. Јас не го спорам моментот дека попис треба да има за да имаме информации. Меѓутоа, во овој момент, јас сум против пописот. И не заради ковидот, многу луѓе кажуваат ковидот вака, ковидот така, мислам дека тоа е само изговор. Треба чесно да си кажеме, јас не верувам во попишувачите. Кога е политички поставен попишувачот, па кога има услов дека ако не ми се допадне можам заменикот директор на статистика да даде некоја таква неекономска изјава, и се што е неекономски и стои зад плаштот на економијата и треба, е демагогија. И од тој аспект јас не го подржувам пописот и од тој аспект јас нема ни да ги примам попишувачите. Не толку заради ковидот, иако и тоа си има некоја причина, туку затоа они ќе манипулираат со тие податоци. Поопасно од економијата, кога нема податоци, е да има погрешни податоци. Затоа е многу важно, подобро е да нема, да ставиме релевантен попишувач“, посочи Витанов.


Витанов направи паралела со пописот кој редовно го прават трговците, нагласувајќи дека ниту еден сопственикот на фирмата, акционерите, акционерското собрание нема да дозволи пописот да го прават нерелевантни попишувачи кои ќе се пазарат со податоците, како што тоа го направи заменикот директор на Заводот за статистика.


„Значи било кој трговец прави попис, особено оној што има фреквентна продажба, особено оној што работи „business to consumer“, до краен потрошувач, ама што мислите сопственикот на фирмата, акционерите, акционерското собрание, дозволува било кој да ги попишува? И дали ако менаџментот каже ако не излезе вака и вака пописот нема да го признаеме, дали акционерското собрание ќе прифати такви попишувачи? Дали ќе влезе во операција којашто троши време и пари ако однапред знае дека се нерелевантни попишувачите“


Витанов нагласи дека нема да се попише, односно дека ќе го игнорира, како што своевремено го игнорирал референдумот.


„Дури не го ни бојкотирам, оти не се спротивставувам на нешто што не е релевантно“, подвлече Витанов.


Во однос на изјавите на премиерот Заев кој за своите неуспешни економски политики и неостварените ветувања за странските инвестиции го обвинува токму немањето попис, Витанов изјави дека тоа апсолутно нема врска едно со друго.


„Кога прават истражувања за пазарот во светот најмалку се базираат на статистичките податоци“, појасни Витанов.


извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum