Уште 143 во МВР, 101 во УЈП: Ќе се спротивстави ли некој, по Пауновски, на РАМКОВНО ВРАБОТЕНИТЕ?

Несогласувањата околу вработувањата во Државниот пазарен инспекторат предизвикаа лавина реакции во јавноста, а на директорот Стојко Пауновски дури му се заканува и разрешување ако одбие да ги прими овие луѓе. Вицепремиерите Артан Груби и Љупчо Николовски вчера со заедничко соопштение се обидоа да ја објаснат ситуацијата со распоредувањето на овие луѓе. Во соопштението најавуваат и дека од почетокот на следниот месец, ќе започне распоредувањето на друга група по утврдениот план.

Имено треба да се распоредат 18 луѓе во Агенцијата за вработување, три во Инспекторат за јазици и шест во Централен регистар. Исто така, 143 биле во процедура да почнат со реален работен ангажман во МВР, а 101 во УЈП.

„Од вкупната бројка на лица што се распоредуваат, 1.182 прифатиле распределување, 38 одбиле и се на трансфер листа, 13 самите дале отказ, а останатите ги исполниле условите за старосна пензија. Според овие податоци, успешноста на планот е речиси 90 проценти. Административните службеници кои се распоредуваат не се замена за редовните побарувања за кадри кои ги имаат институциите, како на пример, побарувањата што ги имаат инспекторатите, стоеше во соопштението.

Додадоа дека не треба да се манипулира јавноста дека ова распоредување кое е согласно усвоен закон и согласно одлуки на Владата, ја заменува потребата од нови кадри.

„За секое несогласување околу владини одлуки постоеле и постојат јасни механизми истото да се оствари низ институциите преку соодветната организациска поставеност, преку службени белешки, преку работни состаноци, на кои се аргументираат спроведувањето на политиките и одлуките во реализацијата на програмите на Владата. Воедно, ја известуваме јавноста дека премиерот Заев во текот на вчерашниот ден имал обид за директна комуникација со директорот Пауновски со цел изнаоѓање заедничко решение, но Пауновски не одговорил на повикот, изјавија тие.



извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838