Човекот што му пpкocи на 3aeв во 2018 бил пpeтeпан во Тетово

Стојко Пауноски, човекот кој стана политичка мета на премиерот Заев во јуни 2018 година среде Тетово бил претепан од поголема група граѓани.

Стојко Пауноски кој е и поранешен пратеник од редовите на владејачката СДСМ живее кај Офицерските згради во центарот на Тетово каде и се случил инцидентот.


Вечерта на 21 јуни 2018 година околу 20 часот Пауновски повикал сообраќајна полиција откако имал расправија во соседното кафуле чии гости му го блокирале возилото пред зградата и не сакале да се препаркираат.


Откако завршила таа епизода, поранешниот пратеник си заминал во неговиот дом. Нешто после полноќ истата група гости пред зградата го чекале и го нападнале неговиот син, кој се уплашил и викал за помош. Неговиот татко, Стојко Пауноски од терасата го видел тепањето на својот син и веднаш се симнал да го брани, но групата неиндетификувани граѓани ги претепале и двајцата по што избегале во непознат правец.


Околу 1 часот по полноќ Пауноски и неговиот син пристигнале во градската болница каде што им била укажана медицинска помош и констатирана тешка телесна повреда на скршени коски и тешки набиеници, пишуваа тогаш дел од медиумите.


Случајот во Полиција бил пријавен околу 04 часот сабајлето но немало приведени лица за нападот.


До ден денеска јавноста нема информации за напаѓачите на Пауновски.



Извор: Експрес

29060043_2016680208590936_36926234558838