ЗАЕВ: Пауновски ќе побарам од службите да биде разрешен, направи пркос кој не е дозволен - СКАНДАЛ


Стојко Пауновски е мој личен пријател, но јас ќе барам од службите од Владата, од вицепремиерот Љупчо Николовски, доколку постои основа за негово разрешување, да биде покрената постапка за неково разрешување.


Ова го изјави премиерот Зоран Заев откако директорот на ДПИ Стојко Пауновски рече дека и по цена да биде разрешен, тој нема да ги прифати сите 35 рамковно вработени.


„Недозволиво е секој ден преку медиумите да водите полемики со потпретседателот на Владата, а сега гледам и со претседателот на Владата. Тоа е пркос кој не е дозволен. Во Владата има хиерархија, се знае како тоа треба да функциоонира“, рече Заев.


Заев смета дека постои основа за разрешување на Пауновски и очекува службите да покренат постапка.


Тој нагласи дека тоа се наши сограѓани, кои долго не работеа и земаа плата, а сега се прераспределени согласно нивните квалификации“, рече Заев.


Од 1.349 вкупно рамковно вработени, дури 1.182 прифатеиле да бидат распоредени во институциите.


gif

Извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook