Трајанов лут не измамија рекоа ќе се вакцинираме со „Фајзер“ а не вакцинираа со „Спутник В“


Пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов реагираше дека пратениците се целосно дискриминирани бидејќи министерот за здравство Венко Филипче не им оставил право на избор и остро негодуваше што тој и неговите колеги морале да се вакцинираат само со руската „Спутник В“.

Инаку сите оние кои досега се вакцинираа немаа право на избор, туку се вакцинираа со вакцината која беше достапна во моментот.


„Пратениците се насочени да се вакцинираат со ‘Спутник’. Можеме да почекаме и да одложиме, но за да профункционира парламентот мора да бидеме вакцинирани, еве сите се наредивме во редот и се вакциниравме. Не може од Фејсбук да се гради политика. Некој ќе напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со ‘Фајзер’, и министерот ја менува со ‘Спутник’. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација. Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса“, реагираше Трајанов откако ја прими вакцината.


Трајанов рече дека тоа е став и на другите пратеници, но не смеат да го искажат откако ја примија.


„Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам измама“, нагласува Трајанов кој е скептичен дека со доцнењето и со ваквото темпо на вакцинација ефектите ќе бидат минимални за стекнување на колективен имунитет.


Претседателот на парламентот Талат Џафери кој подоцна ќе ја прими вакцината очекува со завршувањето на процесот на вакцинација на пратениците и претходно започнатата имунизација на вработените во собраниските служби, да се нормализира работата на Собранието веќе од втората половина на мај и тоа да се врати во служба на граѓаните.


„Моја обврска беше да доставам список со потребни податоци на сите пратеници и службеници, а негодувањата, тоа е нивно право. Секој има право да негодува и да се одлучи дали ќе прими или не вакцина и не можам да се мешам во таа одлука“, рече Џафери.


Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе се вакцинираат во попладневните часови во Арената „Борис Трајковски“.


gif

извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook