Како тоа „случајно“ пратениците ќе се вакцинираат со Фајзер?

Проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола, Марјан Ѓуровски, чии ставови често кореспондираат со оние на власта, овој пат изрази незадоволство од веста за денешната вакцинација на пратениците, при што професорот тврди дека народните избраници „случајно“ ќе ја добијат дозата на Фајзер. „Вакцинацијата на пратениците е врв на хипокризијата и манифестација на нехуман однос кон сопствените граѓани!Дали некој од нив ќе ја остапи вакцината и тоа “случајно” од Фајзер на пример за болните од рак,ретки болести или посебни потреби??“, прашува Ѓуровски на социјалните мрежи. Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска во А1 СЦ Борис Трајковски ќе се вакцинираат пратениците од Собранието на РСМ, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација. Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи односно од 10 до 18 часот. На 14 ти месецов беа вакцинирани собраниските служби.

Во понеделникот пристигнаа 10.530 вакцини „Фајзер“ , со коишто ќе продолжи имунизацијата на населението против Ковид-19 на вакциналните пунктови во земјата. Станува збор за прва пратка од „Фајзер“, додека втората со уште 10.000 вакцини за овој месец се очекува да пристигне на 26 април.


извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838