Во канцеларијата на Рашковски пронајден софтвер со прашања за Академијата судии и јавни обвинители

По објавените информации во јавноста дека при извршен претрес во канцеларијата на Драги Рашковски на Правниот факултет бил пронајден софтвер за прашања на кандидатите, директорката на Академијата Наташа Габер Дамјановска вели дека нема сознанија за тоа што било пронајдено, но за Канал 5 потврди дека фирмата Инвока Груп, која е под истрага, преку која Рашковски го набавил софтверот, го одржувала хостингот на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев. -Фирмата Инвока Груп го сервисираше хостингот, а серверот со прашањата се наоѓа при Владата. Со оглед на тоа што оваа фирма сега е опфатена со постапка, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев преку Влада ќе бара друга фирма, вели Наташа Габер Дамјановска, Директор на Академијата за судии и јавни обвинители


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838