ПРОТЕКОА ФОТОГРАФИИ: Оливер Спасовски и Вице Заев со сега избеганите наркобосови од Грчец?


На социјалните мрежи, протекоа фотографии од лица за кои се тврди дека се наоѓаат на врвот на истрагата која се спроведува во Грчец овие денови. Она што е мошне интересно за јавноста, е тоа што на овие слики истите се во друштво на членови од државниот врв на СДСМ и Владата.

На социјалната мрежа „Твитер“, корисник со јузернејм @m0rban, објави фотографии на кои се гледа како Оливер Спасовски, братот на премиерот Вице Заев и други видни функционери од власта, седат на иста маса со, како што тврди твитер корисникот – „нарко-босовите од Грчец“ кои се предмет на истрага на полицијата и Јавното обвинителство овие денови.

Како што извести обвинителката Русковска, акцијата била компромитирана со тоа што главните „босови“ на криминалната група се побегнати, а тоа разбуди голем број на шпекулации дека тие имале претходна дојава од страна на високи функционери. Доколку фотографиите и лицата се покажат како автентични, не е ни чудно што се побегнати, кога на фотографиите кои датираат од не многу одамна, тие се во друштво на највисоките функционери на Владата и СДСМ.

Покрај добро познатите Вице Заев и Оливер Спасовски, на фотографиите во друштво на наводните членови на нарко-картелот може да се забележи и Драган Николиќ, кој е државен секретар во Министерството за одбрана.

Да биде иронијата уште поголема, се тврди дека наркобосот се сликал и со началникот на НТШ, одделение на МВР задолжително да се бори против трговијата со дрога.

Обвинителката Русковска, денеска на прес-конференција сподели повеќе детали од истрагата.

извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838