Конте: Пандев го сакав во Интер минатата година, би му порачал да продолжи да игра!


Џенова одиграа 2-2 против Беневенто, а Интер ремизираше кај Специја 1-1 во натпреварите од вонредното 32. коло на Серија А. Веста на колото секако се двата гола на Горан Пандев, а во комуникација на италијанската дигитална платформа „Скај“, краток разговор имаа нашиот репрезентативен капитен и тренерот на неговиот поранешен клуб, Интер, Антонио Конте.

„Горан беше реална шанса на пазарот во јануари 2020 година. Тоа го знаат и директорите на Интер. Нему ќе му порачам да не престанува да игра. Се додека има желба да тренира, треба да продолжи да игра“, рече тренерот на Интер. Претходно, струмичанецот упати честитки за сезоната на неговиот поранешен клуб.

„Секако дека уште сум навивач на Интер. Сакам да му честитам на тренерот Конте за сезоната. Верувам дека ова е вистинската за освојување на скудетото“. рече Пандев.

Последен пат Интер беше првак на Италија пред точно една деценија, со Пандев во тимот кој стана европски првак и ја освои тројната круна.


29060043_2016680208590936_36926234558838