Гранде Пандев даде два гола за историја, влезе во „клубот 100“ во Серија А! (ВИДЕО)


Македонскиот фудбалер Горан Пандев успеа да погоди за Џенова на натпреварот против Беневенто (2-2) и испиша голем јубилеј во Серија А.

Нашиот најдобар играч реализира во 11. минута од натпреварот и изедначи на натпреварот. Пандев се запиша во листата на стрелците откако ја закова топката од непосредна близина на голот. Сепак, Беневенто само неколку минути подоцна ја врати предноста.

Македонецот десет минути по првиот гол повторно се запиша во листата на стрелците и покажа зошто важи за еден од најдобрите играчи кои заиграле во калчото од „екс-ју“ просторите (2-2). Пандев сега има 100 постигнати гола во калчото и зад своето име запиша уште едно големо достигнување. Македонецот воедно е најдобар „екс-ју“ стрелец во италијанската елита.

Горан Пандев, чие име засекогаш ќе остане запишано со златни букви во елитниот италијански фудбал, до „стотката“ одеше преку Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова. Најмногу голови постигна за Лацио (48), па потоа следат Џенова (27), Наполи (19), Интер (5) и Анкона (1).



29060043_2016680208590936_36926234558838