Министерот Шаќири: Законот е изгласан, 5Г технологијата наскоро во Македонија


На денешната собраниска седница беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации, а министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири објави дека 5 G технологијата наскоро ќе стане достапна за граѓаните.


- Ова им овозможува на сите производители на 5 G технологии, во наредниот период, со подзаконските измени за електронски комуникации што ќе ги донесе Агенцијата за електронски комуникации, да ги користат техничките критериуми што ќе бидат предмет на овие производители на 5 G технологии, напиша Шаќири на Фејсбук.


Како што вели министерот, останува Македонија да ја зголеми безбедноста за технологијата 5 G.и како земја аспирант кон Европската унија да ги стави под заштитата податоците на граѓаните, како што вели тој, на прво место.


- Ова е приоритет на Министерството за информатичко општество и администрација во однос на имплементацијата на оваа технологија, додава Шаќири.


gif

извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838