Рашковски сместен во изолaциja во затвopoт „Шутка“

Директорот на истражниот затвор „Шутка“ Филип Андов за ТВ21 истакна дека во затворот веќе е примен поранешниот генсек на Владата Драги Рашковски.

„Примен е Рашковски кај нас, во приемното одделение и ќе остане 10 дена во изолација како и сите новодојдени“, посочи Андов за ТВ21.


Ова следува откако Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифатил жалбата на јавниот обвинител и им определи 30-дневен притвор на лицата Драги Рашковски и Даниел Станчевски, во врска со „истрагата за набавка на софтвер“.


На 16-ти овој месец судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд – Скопје по четиричасовниот распит му одреди куќен притвор на поранешниот генерален секретар на Владата Рашковски, осомничен во случајот за јавна набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци.


На распит беше спроведен и Даниел Станчевски од Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока груп“, од кое Генералниот секретаријат на Владата го купил софтверот за определување на брзина на возила во сообраќај и изрекување казни, кому судот исто така тогаш му определи мерка куќен притвор.



извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838