Шефот на балканскиот нарко картел уапсен со половина тон кокаин во Колумбија


Според колумбиската полиција, Армуш е уапсен од акцијата во која се запленети 494 килограми кокаин на луксузна едрилица кој требала да плови од пристаништето Картагена до Лисабон.


Црногорскиот државјанин Иван Армуш е уапсен во неделата во голема акција на колумбиската полиција. Тој е „означен“ како еден од водачите на балканскиот нарко картел. Според колумбиската полиција, Армуш е уапсен од акцијата во која се запленети 494 килограми кокаин на луксузна едрилица кој требала да плови од пристаништето Картагена до Лисабон. Откриено е дека, покрај испраќањето големи пратки кокаин во Европа, овој човек од Цетиње бил задолжен и за снабдување на американскиот пазар. Вредноста на запленетата дрога е 20 милиони долари, а со нејзиното дистрибуирање во Европа, таа би достигнала многукратно поголема вредност.


gif


извор: слободен печат

29060043_2016680208590936_36926234558838