Игор Дypлoвcки ќe ja пee xимнaтa нa протестот нa 25 aпpил зa cлoбoдa нa ycтaвобpaнитeлитe


Оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски објави дека ќе ја пее македонската химна на протестот на 25 април за слобода на осудените и затворени за настаните од 27 април 2017 година.


Дурловски редовно ја пееше химната пред Владата на Република Македонија на почетокот од над 70 протестни маршови на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ пред четири години.


Неможноста да им помогне на уставобранителите беше главната причина што ја наведе за оставката од пратеничката функција единствениот обвинет за тероризам што беше ослободен без да бара амнестија.


29060043_2016680208590936_36926234558838