(ФОТО) По зaкaните од Заев: Геге добива зaкaни по неговиот и животите на семејството


Претседателот на народната партија на Ромите, Геге Демировски добива закани по неговиот живот и животите на семејството според него од лажни профили контролирани од центри на моќ во власта.


Тој претходно доби закана лично од премиерот Зоран Заев кој му се закани дека ќе добие кривична пријава, а неговиот дом во Македонија е ограбен пред само два дена.


Демировски бара од МВР да ги пронајде сторителите, односно луѓето кои му се закануваат на социјалните мрежи, но и да ги пронајде оние кои се обидоа да му го одземат животот и го ограбија неговиот дом.


Соопштението од НПР ви го пренесуваме во целост.


Јас Геге Демировски јавно барам од Сектор за комјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи да превземе одговорност и веднаш да започне истрага против лицата кои веќе подолг период, мене и на моето потесно семејство, ни праќаат директни и индиректни сериозни закани по живот, според ставовите 1 и 4 од член 144 од КЗ.


Да ја потсетам јавноста дека претходно добив закана лично од премиерот за кривична пријава, а откако увиде дека мојата борба за Ромите и Македонија е непоколеблива добивам закани од лажни профили контролирани од центри на власта кои очајно се обидуваат да ме замолчат.


Откако го кренав гласот против режимот на Заев бев физички нападнат и се обидоа да ме убијат, но не успеаа. Мојот дом во Македонија два пати е ограбен, последниот пат пред два дена, сторителите како и за мојот напад се уште не се пронајдени.


Мојот глас е гласот на Ромите во Македонија и нема никогаш да успеете да ме замолчите, ќе продолжам да се вклучувам во живо и да ја кажувам вистината за „животот“ кој го донесе Заев за Ромите во Македонија.


Бидејќи овие закани и обиди за заплашување се мотивирани од фактот дека сум претседател на ромска политичка партија и единствен искрен претставник и борец за правата и подоброто утро на својот народ, поради критиките кон владеачката структура, како и непоколебливоста во патот кон вистинската демократија, овие дела преставуваат и повреда според став 1 по член 137 од КЗ.


Во спротивно доколку МВР не превзеде никакви активности за расветлување на случајот, за кои е задолжено според закон, од страна на НПР ќе биде известен Меѓународниот фактор кој е присутен во Македонија. Ги повикувам и охрабрувам јавните обвинители да преземаат дејствиа во рамките на нивните овластувања и во согласност со нивниот етички кодекс во пронаоѓање на објективната вистина.

Со почит,

Геге Демировски

Претседател на НПР.


извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838