Поминаа две недели – уште не е санирана дупката на плоштадот Македонија


Две недели откако во фонтаната на плоштадот Македонија пропадна возило на ЈП Комунална хигиена, дупката сѐ уште зјае отворена, јавува Сител. Отворот во фонтаната е обележан само со неколку полуискинати ленти што само ја зголемува опасноста за минувачите.

Кога ќе биде поправена дупката и колку ќе чини санацијата засега нема информации. Од јавното претпријатие Водовод и канализација велат дека пандемијата влијае директно и на поправката. Од град Скопје велат дека додека да се поправи фонтаната , деновиве привремено ќе го уределе просторот на плоштадот.


gif

извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838