(Видео) МИЛУМ ИЛИ СИЛУМ: Трајче Заев нacилно ја прeвзема Реплек - INFOMAX


Во најновото издание на емисијата „Тешки муабети“ со Љупчо Палевски Палчо и Милош Милошевски на Инфомакс зборуваа за новата рекет афера во фирмата Реплек, втора најголема веледрогерија во Македонија.


Како што објави Инфомакс пред неколку дена, на два пати, токму господинот Трајче Заев дал понуда за купување на управувачкиот пакет акции на Реплек, на два пати бил одбиен од мнозинските акционери. Третиот пад дал конечна понуда и откако и третиот пат бил откриен, муабетот бил дека ако не сакаш милум, ќе го земеме силум. И тоа и се случи неколку клучни акционери со поголем процент на акции во Реплек имаат започнат со насилно преземање на компанијата преку откупување на акции од помалите акционери.


Тоа е јасен атак врз акционерското друштво Реплек од проста причина што, освен Реплек во Македонија нема легално производство на масло од медицинска марихуана. Реплек има соодветна технологија на екстракција на масло од медицински канабис. Тоа е најлесниот начин на овие луѓе да дојдат до лиценцирано производство на масло од медицински канабис.


Сумирано, на Трајче Заев му треба лиценца за призводство масло од канабис со ТХЦ наместо ЦБД, што го прави маслото наркотик. Значи, потребна е лиценцата на Реплек за екстракција.


„Бизнисот е во ТХЦ а не ЦБД. Потребен е Реплек затоа што поседува лиценца за екстракција, а Трајче ЗЗАев и тие лиценци оки ги доделила Владата, односно Зоран Заев, не содржат лиценца за екстракција бидејќи нивниот бизнис беше да продаваат сканк, а не медицинско улје, ниту било што за медицинска употреба. Овие 50 субјекти со лиценца за марихуана кое се во скриена сопственост на Заеви произведуваат двојно повеќе отколку што е предвидено со лиценцата. И веќе кога и оди толку добро тој бизнис, екстракцијата им е потребна за да на прават доплнителен профит, бидејќи продаваат чисто ТХЦ што е неколкукрано поскапо. Со екстракција на улјето полесно ќе продираат на пазарите во Европа“, појасни Палевски.


Ова е исклучително профитабилен бизнис, на пример, во Финска килограм сканк има вредност од околу 15 до 20 000 евра.


Целата емисија можете да ја проследите ТУКА

Извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838