Момировски: Спасовски организира специјална оперативна група во МВР да обработува новинари

Во демократска држава нема во моментов специјална оперативна група на МВР под водство на министерот Спасовски да истражува и оперативно да обработува новинари и други луѓе кои што објавувале информации коишто потекнувале од МВР, значи ова што го кажувам сега се информации од свиркачи коишто не информираа дека во моментов Спасовски го прави тоа и планира да направи упад во слободата на информирање во Македонија, рече ексклузивно Горан Момировски новинар од Алфа телевизија на вечерашната негова емисија „Заспиј ако можеш“.


Момировски вели дека за истото во моментов се информирани и познати меѓународни институции во земјава, како и дека се работи за оперативна обработка на новинари и медиуми.


– Мене за Спасовски ми е јасно дека тера политичка агенда и бара начин да се спаси политички, но овие луѓе кои учествуваат во ваква операција, истите луѓе ни се познати и на крајот од оваа срамна операција сите тие ќе бидат изведени пред лицето на срамот, за правдата ќе видиме, порача Момировски.



извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook