ФОТО: „Функционална“ велосипедска патека во Тетово


Иако во последно време се работи на подобрување на велосипедската инфраструктура во Македонија, во некои градови сѐ уште е предизвик да се користи велосипедот како превозно средство во секојдневнието.


Токму тоа го сведочи и оваа фотографија објавена на социјалните мрежи, на која се гледа дека на една од патеките за велосипедисти во Тетово е поставена огромна камена пречка и истата е обележана како дел од патеката.


– Велосипедските патеки во Тетово се најдобриот одраз на менталниот склоп на власта преку импровизација – без стратегија, без сериозен пристап и само за гледање и читање!, стои во објавата на Фејсбук.


извор: слободен печат

29060043_2016680208590936_36926234558838