Црна Гора пред банкрот: Кина ќе го преземе црногорскиот брег бидејќи не може да го врати долгот

Известувачот на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон, денеска ја критикуваше одлуката на ЕУ да не и помогне на Црна Гора да го отплати долгот кон Кина, кој изнесува една милијарда долари. Фон Крамон ја повика ЕУ да „размисли двапати“ за можна „стратешки лоша одлука“ и предупреди дека Кина може да „го преземе поголемиот дел од црногорското крајбрежје“ на штета на долговите.


„Корумпираните лидери како Мило Џукановиќ ја искористуваа државата со години. Сега новата влада мора да ги реши финансиските долгови. ЕУ веќе еднаш направи грешка во Грција и Кина го презеде пристаништето во Пиреја. Сега тоа може да се случи со поголем дел од црногорското приморје“, напиша фон Крамон на Твитер, пренесува Танјуг.


Пред два дена, Европската комисија, по повод барањето на Подгорица, за помош на Брисел за отплата на кинескиот заем од една милијарда долари, рече дека „нема да ги врати долговите на Црна Гора“.


Беше истакнато дека поради ваквите финансиски потези од Подгорица постои ризик од макроекономска нерамнотежа и должнички однос на Црна Гора со Кина.



извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838