БИТОЛА СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ КОВИД ПАЦИЕНТИ ОД ВНАТРЕШНОСТА, РАСТЕ И ВОЗРАСНАТА ГРАНИЦА

Расте возрасната граница на пациентите со коронавирус кои се хоспитализираат во Клиничката болница во Битола. Ако во изминатите седмици беше случај в болница од ковид-19 да завршуваат сеʹ помлади пациeнти, оваа недела сликата се менува.


Директорката д-р Билјана Гагачовска вели дека последниве денови се хоспитализираат повозрасни пациенти.


Минатата недела, возрасната граница се спушташе од 25 до 50 години, а сега највозрасниот пациент кој се лекува во Ковид-центарот во Битола има 92 години.


Сепак, бројот на хоспитализирани расте и достигна 149 болни. Поради големиот број пациенти од регионот кои се на кислородна поддршка, рекордно зголемена е потрошувачката на кислород до три тони дневно. Сепак, од болницата велат дека резерви имаат доволно. Инаку, од сите градови во внатрешноста во Ковид-центарот во Битола има најголем број хоспитализирани пациенти. Следи Прилеп со 125 пациенти со ковид-19 кои се на лекување во Прилепската болница.


Според последните податоци од Министерството за здравство, на Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 1.768 болни и има околу 300 празни болнички кревети во Ковид-центрите.



извор: sdk.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838