Засилена вoeна активност на НАТО: Распоредени 40.000 вojници и 15.000 единици opyжје и вoeна опрема

НАТО распореди 40.000 војници и 15.000 единици оружје и воена опрема во близина на руските граници, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Вкупно, „40.000 војници и 15.000 единици оружје и воена опрема, вклучително и стратешки авиони, ќе бидат концентрирани во близина на руските граници“, рече тој, пренесе ТАС С.

Шојгу посочи дека Русија презема чекори за да одговори на заканувачката воена активност на НАТО, големите вежби на комбинираните вооружени сили и воздушните сили покажаа дека трупите се подготвени да ја обезбедат националната безбедност.

„Презедовме релевантни мерки со цел да постапиме во врска со заканувачката воена активност на Алијансата“, изјави рускиот министер за одбрана, пренесува Танјуг.

Шојгу рече дека како дел од контролните настани и обуките во зимскиот образовен период, бил извршен ненајавен преглед на борбената готовност на трупите на западните и јужните воени области.

Според него, две армии и три големи единици на воздухопловните сили се успешно распоредени на западните граници на Русија и во областите за обука и борбена пракса. „Војниците покажаа целосна подготвеност и можност за спроведување операции за да се обезбеди воена безбедност на земјата. Во моментов овие единици се вклучени во вежбите “, потенцира Шојгу.



извор: инфомакс



29060043_2016680208590936_36926234558838