Пронајден цел apcенал: Кумановец yaпceн поради трговија со opyжје

Кумановец во својот дом чувал пушки, пиштоли од различни марки делови од оружје и муниција. Полицијата му поднесе кривична пријава бидејќи се сомнева дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.


Како што соопшти полицијата, кај кумановецот Ќ.А.(60) при претрес пронашла и одзела пет воздушни пушки, една полуавтоматска пушка, три пушки, пиштол непозната марка, две рамки, една кутија со делови од стартни пиштоли, една цевка од непознато оружје и 147 куршуми.



извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838