Рашковски ќе гради луксузна хациенда во Побожје – Инвеститори се неговите малолетни деца


Семејството на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар во Владата, сега секретар за мониторинг и поддршка на институциите при релизација на програмите за работа на Владата, ќе гради луксузна хациенда во населбата побожје, пренесе Алсат. Според информациите на Алсат, инвеститори на супер-комотната куќа се неговите две малолетни деца. Плацот е веќе израмнет како тепсија и тоа на површина од неколку илјади квадрати. На терен има и два багера.

На плацот, според имотниот лист, постоеше викенд куќа од околу 60 – на метри квадратни. Сега просторот е порамнет. Според информациите на Алсат со проектот кој треба да се изгради тука, станува збор за куќа од над осумстотини метри квадратни нето површина. Големиот градежен зафат предвидува објект за домување, базен, теретана, соба за билјард и разни други погодности.

Просторот е расчистен. Исечени се дрвјата околу плацот. На имотот како сопственици се јавуваат децата на Рашковски. Но и самиот тој во Побожје поседува 11 илјади метри кавдаратни земјоделско земјиште. Го впишал во анкетниот лист по изборите лани. Но, овој имот го нема во неговиот претходен анкетен лист кога дојде на функцијата Генерален секретар на Влада. Го купил потоа за речиси 100 илјади евра. Колку заработува, а колку троши, истражува и Антикорупциската комисија.

– Доколку ние утврдиме ралика во имотот што е пријавен и месечните примиња што ги има, таков е нашиот Закон, одиме чекор понатаму за испитување на имотот и тогаш се вклучуваат и други институции, рече Билјана Ивановска, Претседател на ДКСК. Алсат побара став од Драги Рашковски за луксузната вила. Целиот текст на Алсат.мк.

29060043_2016680208590936_36926234558838