Играчите кои ќе играат Суперлига, добиваат суспензии од ЕП и СП!

Европската фудбалска Суперлига за која се пишува веќе подолго време од денес е реалност. Во официјално соопштение, европските гиганти застанаа против УЕФА и соопштија дека формираат своја лига, но од европската куќа на фудбалот најавија остри санкции.


Добро упатениот италијански новинар Фабрицио Романо соопшти дека од УЕФА нема така лесно да дозволат клубовите да отстапат од Лигата на шампионите и да играат Суперлига без тоа да им се „наплати“.


Јасно е, причината е финансиска, затоа што 350 милиони евра за секој клуб во време на пандемија не е мала работа, но од УЕФА велат дека секој клуб кој ќе прифати да игра Суперлига, ќе претрпи санкции.


Прво се соопшти дека клубовите ќе имаат забрана за настап на домашната сцена. А, најновата информација вели нешто сосема друго. Поточно, играчите ќе бидат „жртви“, затоа што се вели дека сите со настапи во новата лига ќе бидат суспендирани и нема да имаат право да играат во натпреварувањата на ФИФА и УЕФА. Тоа значи дека квалификациите за Светското и Европското првенство, како и големите приредби под капата на ФИФА и УЕФА, ќе бидат забранети за сите „суперлигаши“.

Тоа би значело на пример Мундијал без Меси, или Европско првенство без Роналдо... што би било вистинска катастрофа. Формирањето на Суперлигата на чие чело стојат Флорентино Перез, Андреа Ањели и Џоел Глејзер е најавена, познати се и начинот на игра и распоредот ан мечеви, но останува да видиме каков ќе биде расплетот за понатаму по најновата закана на УЕФА.



извор: гол.мк

29060043_2016680208590936_36926234558838