СКАНДАЛ: Државата Албанија отвори своја институција во Кичево – дали вака изгледа почетокот


Табла со напис „Република Албанија“, еднојазични табли само на албански јазик и недостаток на македонското државно знаме, името на државата или пак јазикот е се што може да се види на влезот од Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево. Оваа шокантна слика денеска кружи на социјалните мрежи, а од УМС на ВМРО-ДПМНЕ во градот веднаш реагираа на прес-конференција и го осудија овој чин. Сликата која можете да ја видите подоле, се наоѓа пред Центарот за култура во Кичево, повеќе наликува на институција во Република Албанија, отколку на институција во Македонија.

Од Центарот „Кочо Рацин“, велат дека дел од вработените и посетителите веќе реагирале, велејќи дека станува збор за провокација и за кршење на законите, со оглед на тоа што таблата не е двојазична, односно оние кои не го знаат албанскиот јазик, воопшто не можат да се информираат за што станува збор.

Се уште нема никакви реакции од страна на политичарите од власта во однос на ова прашање. Останува да видиме дали тие со молчењето ги одобруваат овие провокации или пак ќе реагираат и институциите во Македонија ќе бидат препознатливи и за Македонците и сите оние кои не зборуваат албански јазик. А од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, велат дека злоупотребата на македонските државни институции од страна на власта мора да престане. Од таму, ги повикаа надлежните институции да го испитаат сето ова и да преземат конкретни мерки.

– После скандалот со приватните забави по Кичевските ресторани на градоначалникот и највисокото раководство на ДУИ, локалната власт во Кичево на чело со градоначалникот се потрудија на дело по кој знае кој пат да го покажат на уште по скандалозен начин самоволието, да демонстрираат сила , моќ со погазување и не почитување на правниот поредок и законите на Република Македонија злоупотребувајќи ги државните институции.

Имено пред некој ден во домот на културата ,, Кочо Рацин” во склоп на библиотеката поставени се еднојазични табли на албански јазик со грбот , знамето и назив на друга странска држава и отворено е таканаречено државно архивско катче на Република Албанија.Ги прашуваме надлежните како е возможно и кој му дозволува и дава за право на градоначалникот да го прави сето тоа знаејќи дека нама никакви ингиренции и овластувања како локална власт врз државна и јавна институција која што е под Министерството за култура и како е возможно странска државна институција како што е архивот на Република Албанија да отвора свои одделенија во Македонски државни институции .

Нам ни е многу јасно дека коалицијата на власт СДС и ДУИ е во паника затоа што се ближат локалните избори и крајот на нивиното расипничко владеење е се поблиску и дека во пресрет на изборите тие ќе направат се непочитувајќи никакви закони , но како и многу пати во претходниот период апелираме и повикуваме да престанете со злоупотреба на власта , затоа што ќе дојде денот кога сите ќе сносите одговорност.

Исто така апелираме и ги повикуваме надлежните институции да го испитаат сето ова и да превземат конкретни мерки , секако ако се во можност и ако имаат дозвола од властите да го сторат тоа, велат на прес-конференција од УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum