НЕОФИЦИЈАЛНО: Рестриктивните мерки се продолжуваат за уште една недела


Според неофицијални извори на НОВАТВ полицискиот час ќе биде продолжен уште една недела, додека пак угостителските објекти ќе останат затворени. Рестриктивните мерки остануваат на сила уште една недела, неофицијално дознаваат од НОВА. Одлуката е донесена утрово на Главниот координативен кризен штаб, по предлог на министерот за здравство д-р Венко Филипче, односно Комисијата за заразни болести. Веќе следната недела, по анализата на состојбата ќе се утврдува дали полицискиот час ќе се намали за еден час, а угостителските објекти ќе можат да примаат гости само надвор. Предлогот за мерките утре ќе биде на седница на Влада, каде треба да се усвои.

29060043_2016680208590936_36926234558838