(Видео+фото) Палевски: Фирмите на Заев должат милион евра данок додека државата се задолжува


Во денешното издание на „Тешки муабети“ со Љупчо Палевски Палчо и Милош Милошевски на Инфомакс, тема беа фирмите поврзани со кланот Заеви, односно неплаќањето данок од страна на неколку фирми во сопственост на Заеви. Кланот Заеви е поделен на четири дела, со


„Во март месец, се работи за скоро милион евра неплатени даноци од страна на две фирми во сопственост на Зоран Заев. Тоа го покажува неговиот однос кон државата, кон сам себе. Он врши функција премиер, а неговите фирми не плаќаат даноци во буџетот кој он го троши. Тоа кажува на кое дереџе е државата.“, открива Палевски

Се работи за фирмите „Сара инженеринг“ ДОО Струмица која должи 33 968 615 денари и „Сара-Јавор инженеринг“ ДОО Струмица 16 360 857 денари, односно вкупно околу еден милион евра.


Значи вкупно скоро еден милион евра имаат неплатени обврски кон буџетот кој он лично си го троши. Ова е илустрација што се случува во март месец кога државата се задолжува и глуми загриженост за граѓание во врска со петтиот пакет мерки.


Последната епизода на емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс можете да ја погледнете ТУКА

Извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838