Палевски: Пpeтpeс во фабриката за марихуана во Битола го водел човек чија сопруга работи во фирмата


Во денешното издание на „Тешки муабети“ со Љупчо Палевски Палчо и Милош Милошевски на Инфомакс, тема беа фирмите поврзани со кланот Заеви и новната поврзаност со нелегалната трговија со марихуана под завесата на производство на марихуана за медицинска употреба. Палевски откри некои детали од претресот кој беше направен во битолската фирма Медикус 420, и комбето во кое беа пронајдени садници марихуана.


„Прво терминот што е одбран за претрес е пет наутро. Кога ќе упаднеш ти во фирма во пет наутро нема никој, нема одговорен, има само чувари и полицајци. Тоа е намерно направено за да се избегнат медиумите, видео камери, информации. Второ што е срамно, е што не е правен претрес и не се правени записници за предмети најдени за време на претрес, туку, вработени во МВР броеле растенија и правеле записник за состојба на растенија. Претресот го водела десната рака на началникот во Битола, чија жена сосема „случајно“ работи во фирмата во која се врши претрес. Значи тој врши претрес кај сопругата на работа. Понатаму, при броење на садниците имало само еден вработен и 20 полицајци. Не е нправен записник за одземање предмети и доказен материјал, туку записник со кој ја известуваат владата на Република Македонија. Владата морала да биде известена бидејќи наместо 4225 садници, инспекторите избројале 9090 садници, колку што било пријавено во министерството за здравство и другите надлежни институции одговорни за надзор на производството на марихуана. Тие вишок садници се комбето кое беше претресено.“


„Она што е доказ за криминалот на Трајче Заев е што 3641 семка ги нема, а според инспецијата се води дека има 3641 семка од која се прави расад па тој расад станува стебло, она што е предмет на лиценцата. Сакдиите се дупло, семките ги нема. За сето ова била известена владата“, открива Палевски.

„Таа лиценца е од министерството за здравство и сега може да се разбере зошто возат мотори заедно, зошто се неразделни Заев и Филипче, затоа што 53 вакви бизниси ги контролира Филипче. Тој го покрива целиот нарко бизнис на Заев во Македонија“, појаснува тој.


Видеото мможете да го погледнете ТУКА

Извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838