ДУПЛА СРЕЌА: Владин хонорарец добил награда од УЈП 100.000 денари?


Информатичарот Дејан Смилевски кој се најде на листата хонорарци на Владата, изгледа има многу среќа или УЈП плаќа дел од хонорарите плус? Имено извесен Дејан Смилевски во февруари минатата година е еден од добитниците на 100.000 денари од наградната игра Мој ДДВ-Моја награда, пишува Лидер


Оваа година повторно Дејан Смилевски е актуелен, бидејќи се најде на листата платени владини хонорараци за Компјутерска апликација за сервис, одржување и конфигурација на информатички системи за потребите на Генералниот секретарјат на Владата на Република Македонија. Хонорарот му е 30.000 денари. Дали се работи за истото лице?


gif

извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838