Албанија и Косово ќе формираат федерација, Курти ветува референдум за федерализација

При посета на Албанија во Март годинава, новиот Косовски премиер, Албин Курти, ги повика Албанците да гласаат за промени како што тоа го направиле косоварите на 14.фебруари: „Албанците заслужуваат подобро“, рече тој – пренесува ЕуроЊуз.

Крути, етнички-Албанец како и 90% од косовската популација која брои околу 1.8 милиони жители, ги повика гласачите да гласаат за левичарско-националистичкото движење Ветевендосје кои се натпреваруваат за пратенички места и во Албанскиот парламент.

Анти-корупциската агенда на Курти беше кличот за победата и на Косово, но во Албанија ова движење нема таква популарност. Според последните анкети Ветевендосје се уште ги нема потребните 1% од гласови за влез во парламентот. Според лидерот на движењето во Албанија Вјосен Абази, тие ќе се натпреваруваат за секое пратеничко место во Албанскиот парламент врз агендата на сеалбанско поврзување, како и ветувањето за одржување на референдум за федерација помеѓу Албанија и Косово.

Вакви ветувања имаше и Албин Курти на Косово но за разлика од него, албанскиот премиер Еди Рама ретко коментира на темата за формирање на федерација помеѓу Албанија и Косово. Во 2017 во изјава за Политико, Рама не ја исклучи можноста за „мала унија“ помеѓу Албанија и Косово ако ЕУ го повлече давањето на датум за членство за Албанија.

За ваквата состојба, косовските и албанските аналитичари ја обвинуваат меѓународната заедница која се уште го одржува непријателскиот став кон Косово и Албанија кога станува збор за доделување на безвизен режим за жителите на Косово, и датум за почеток на преговори за Албанија.



извор: инфомакс


29060043_2016680208590936_36926234558838