ВИДЕО БОМБА I Инспектор од Куманово се договора со дилер: Никој нема да те дира од колегите


На социјалните мрежи забрзано се шири видео од разговор наводно помеѓу инспектор за наркотици и дилер, во кој што инспекторот на дилерот му тврди дека никој од неговитеколеги нема да го допре. Ова е уште еден скандал каде што припадници на полицијата се вмешани во работата со наркотици, сега останува да се види дали МВР ќе презенме нештооколу овој случај. Во продолжение и нтегрален текст ивидео од разговорот:

-Никој нема да те дира од колегите. Значи зависи од тебе, јас едно ќе ти кажам јас веќе нема да ти вакво. Али едно друго значи да знаеш на улица ако се сретнемо ќе имаш проблем, а јас можам да те бутам кога сакам, имам конкретни информации за тебе лично, ама ти ме играш мушки, едно кажуваш друго постапуваш и ми креваш глас, вака започнува снимен телефонски разговор кој трае две и половина минути помеѓу локален дилер во Куманово и инспектор на НТШ во градот, а чија снимка се шири вирално на социјалните мрежи.

Едниот криминалец Македонец, другиот Албанец инспектор, дружбата функционира одлично и со разбирање како што би рекол и самиот Заев „едно општество за сите“. Инспекторот за наркотици во Куманово го уверува дулерот кој пуши џоинт додека разговара со инспекторот дека за него има доволно материјал да го уапси, но нема да го апси. Дилерот од друга стана пак вели дека имал домашни проблеми и вели дека тоа што е договорено ќе биде завршено само му е потребно малку време.

-И јас сум човек од крв и месо, треба да се прилагодам малце ти кажав, а тоа што ти кажав ќе го завршиме стојам на збор јас.

Инспекторот инсистира договореното да се заврши. -Види некој наваму или натаму, ти си на улица друже, му вели инспекторот. Дилерот повторно го упатува на домашните проблеми и вели дека не може да собере доволно пари.

-Епа не сум ова од кога ми се случи со автомобилот, проблем со мајка ми, не можам пари да соберам, додава дилерот.

извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838