Договор Мицкоски – Заев


КОЛУМНИСТ - ПЕТКО БУРЛИЈОВСКИ Претседател на невладината организација ПРЕВЕНТ ПЛУС - Битола

На 29.03.2021 год. Претседателите на најголемите македонски политички партии во Р. Македонија Г-дин Мицкоски и Г-дин Заев се договорија да ги „закопаат воените секири “ и да прeвземат активности со кои ќе се разреши политичката, парламентарната и здравствената криза. Имено се договорија пописот закажан за месец април да се одложи за септември, Парламентот да функционира и носи закони од интерес за граѓаните, поточно закони со кои ќе се овозможи парична помош на граѓаните и фирмите во услови на пандемија и закони за евроинтеграција на Македонија. Во кратка анализа за тој договор ќе се обидам да објаснам кои се негови позитивни, но и негативни страни и какви се последици ќе се предизвикаат од таквиот договор воопшто за македонското општество.


Имено да тргнеме со ред за одложениот попис. СДСМ на власт дојде со помош на албанските партии и од тие причини Владата ја подели на два дела условно кажано на Македонска и Албанска иако Албанците во Р. Македонија се малцинска заедница. Истата во изминатиот период и насилно владее, сите закони и договри ги донесе насилно, најчесто злоупотребувајќи го европското знаменце како да сите закони беа од интерес за ЕУ.


Договорите кои ги направи со Грција и Бугарија ги направи насилно и спротивно на македонските национални интереси и спротивно на интересите на Македонскиот народ. Така и законот за попис го донесоа со подршка на албанските партии во Македонија, но не и со подршка на македонската опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. Самиот закон е фаличен, податоци може за друго лице да дава секој, што значи и за индивидуалните карактеристики како нациналност, вера, и др. што овозможува да пописот се фалсификува. Замислете едно лице ќе набави матични броеви од повеќе семејства и тој нив ќе ги пријави како што сака. Самиот попис се претвори во политичка операција, а не статистичка. Груби, Османи и други албански политичари се рашетаа во соседните и европските држави и како званични преставници на Р. Македонија, платени од Р. Македонија се обраќааа само до Албанците да се попишуваат. Политичари од Косово и Албанија бараат и ќе организирале и помагале да Албанците во дијаспората се попишуваат за да им се зголемеле правата во РМ, ќе го официјализирале како државно и знамето на Албанија и сл.


Напоменувам дека Охридскиот Рамковен Договор од 2001 год. е донесен да се зголемат правата на албанските заедници каде во општините во кои живеат над 20 % во Македонија а не и правата на заедниците во конкретниот случај Албанците кои живеат во дијаспората. Целта на таквиот попис со кои ќе се зголеми албанската заедница во Македонија е да се оправда таканаречениот закон за јазици со кои албанскиот јазик се официјализира на целокупна територија на Македонија и онаму каде не живее нити еден албанец што де факто е почеток на Федерализација (два службени јазици во една држава).


Одлагањето на пописот е позитивно особено во услови на здравствена епидемија кога во Р. Македонија умираат дневно по 30 -тина и се разболуваат по илјада граѓани, воедно пописите ги одложија сите соседни држави, но и држави од ЕУ. Во меѓувреме државата преку своите дипломатско - конзуларни претставништва во странство треба да ги енимира и подготви нашите државјани без разлика на нацоналната припадност да се евидентираат на пописот. Понатаму Законот за попис во целост да се измени, податоци за друго лице да даваат само членови на семејството по права линија тоа е родител, синови и ќерки но не и други лица. Законите да се носат со подршка на опозицијата бидејќи власта има само мало мнозиство од 62 пратеници, а СДСМ ја има подршката од албанските партии што значи работи и одлучува по барање на албанските партии, а спротивно на интересите на мнозинскиот македонски народ кој во изминатите години го претворија во народ од втор ред во сопствената македонска држава која е формирана во НОБ токму од македонскиот народ од кои загинаа 40 000 Македонци.


Договорот за взаемна помош помеѓу условно кажано македонските партии во иднина треба да се прошири за заштита на македонските национални интереси, а тоа е изнаоѓање начин за што поитен влез на Македонија во ЕУ, запирање на понатамошната бугаризација и албанизација на Македонија. Имено преку македонската дипломатија до сите дипломатски преставништва во Македонија да се достави писмено Објаснение – Барање со кое ќе се објасни дека Бугарија од Македонија бара апсурдни барања за промена на македонскиот идентитет, јазик, историја, култура и сл. Во тој документ накратко да се објасни македонската историја на македонскиот народ и држава од памтивек досега. И доколку Бугарија продолжи со ветото на Македонија за влез во ЕУ и со неразумните барања подржани од некои држави во ЕУ, договорот со Бугарија да го раскини, а договорот со Грција да го стави во мораториум, бидејќи врз основа на тој договор Македонија го смени името и потпиша капитулација, тој услов беше за прием на Македонија во ЕУ. Што се однесува до прекин на албанизацијата на Македонија, најпрво Уставниот суд да го укине таканаречениот закон за јазици со што Македонија е претворена во двојазична држава и стана и нефункционална држава со тенденција на распад. Македонската страна на албанската страна, а особено на албанската заедница во РМ треба со кратка анализа да му објасни и укаже што значи унитарна држава, начинот на владење во унитарна држава, што е тоа мнозиски народ, малцински заедници или малцинства според меѓународното право и сл. Истовремено треба да се укаже да државјанството и жителството во една држава не подразбира само права и привилегии на граѓаните, подразбира и обврски на државјаните и жителите спрема државата во смисла, плаќање на даноци и давачки, како струја, вода и останати комунални давачки, но и лојалност спрема државата особено во воена состојба, а не и дезертерства како што и се случи. Во Македонија што поитно треба да се вратат вредностите и критериумите при вработување, унапредување и сл. особено во државните органи.


На крај напоменувам дека договорот помеѓу двајцата претседатели на македонските партиите е позитивен и поздравен од поголемиот број на Македонци и се надевам да таа пракса ќе се применува и во иднина особено за македонските национални интереси. Со такви договорои му се укажува и на албанските партии да во иднина не ќе можат да прават што ќе посакаат. Истовремено со тој договор Г-дин Мицкоски на Г-дин Заев му го продолжи премиерскиот мандат во услови кога парламентот не функционираше, притисок од албанските партии за законот за државјанство, спороведување на пописот во услови на пандемија, ветото од Бугарија, економска и здравствена криза. Ако се предизвикаа предвремени парламентарни избори оваа Влада која го уништи системот, Македонскиот народ и Македонската држава ќе отидеше во заборав, вака ќе продолжиме во “ужас без крај” како што кажал Дамјан Груев.



29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook