Игор Србинот со плочка расекол четворица затворски чувари

Игор Вацлавиќ алијас како „Игор Србинот“ или „Игор Рус“ некогаш најбаран српски бегалец, при обид да биде пренесен од еден во друг затвор во Шпанија, пред судењето за тројно убиство, нападнал и повредил четворица затворски чувари. Во нападот користел скршена керамичка плочка. – Иако доживеавме ужасна трагедија и изгубивме двајца полицајци и еден цивил, спроведовме брза акција и го уапсивме бегалецот – им рече на новинарите командантот на Цивилната гарда, кој не го криеше гневот и бесот затоа што Вацлавиќ уби уште тројца невини .


Шпанските медиуми објавија дека граѓаните се револтирани што двајца полицајци и уште едно лице се убиени при апсењето на Вацлавиќ. Тие наведуваат дека нивните семејства се толку лути што се подготвени жив да го линчуваат Вацлавиќ.


Вацлавиќ најде засолниште во Шпанија во 2017 година по крвавиот пир во Италија. Пред да биде уапсен во Шпанија, Игор Вацлавиќ или Игор Рус, како што самиот се нарекуваше, последен пат беше виден во Болоња, Италија, така што дел од земјата беше под опсада на полицијата во последните неколку месеци, бидејќи Вацлавиќ беше еден од најбарани бегалци.


Тој се бараше во таа земја за убиството што го изврши на 1 април за време на грабежот во градот Будрио, во близина на Болоња. Се сомнева дека тој потоа го убил сопственикот на кафеана, по што побегнал во шумата. Седум дена подоцна, тој пукаше кон двајца шумари и уби еден, а другиот тешко го рани. За време на потерата по него, италијанската полиција го поврза со уште едно неразјаснето убиство од 2015 година.



извор: слободен печат

29060043_2016680208590936_36926234558838