Ако може „Moнструм“ да се обнови само врз изјава на Заев дека имал бoмби, може и 27 да се обнови

„Ако може монструм да се обнови само врз изјава на Заев дека имал бомби, еве јас Љупчо Палевски добив материјали ги објавив, имам доказ за лажење на Нинџа, дека лажна е изјавата на главниот сведок, врз која изјава се осудени луѓево“, истакна Палевски нагласувајќи дека нема тој изјава на лидер дека има бомби и знае дека не се тие убијци, туку дека поседува документи, како нови докази кои се основ за обновување на процесот.


За потсетување, процесот Монструм, за бруталното петкратно убиство беше обновен и беше повторена постапката по изјавите на ЗАев дека поседува т.н. бомби, односно снимки од прислушкувани телефонски разговори во кои се зборува дека осудените не се извршители на убиствата. Процесот се повтори, но во бомбите немаше ништо, односно не се појавија нови докази кои би ги ослободиле од вина веќе осудените.


За споредба, во врска со настаните од 27 април, Инфомакс во неколку издаднија на емисијата Тешки муабети презентираше докази според кои изјавата на гласниот сведок, врз основа на која беше донесена пресудата не само што е ллажна, туку се менувала неколу пати во текот на постапката, веројатно за да се прилагоди на барањата на нарачателот на процесот.

„Тие луѓе не се терористи, имаме докази за тоа“, подвлече Палевски.


Палевски потсети дека тој, по објавувањето на доказите за настаните од 27 доби обвинителен предлог, што всушнот е доказ дека документите кои ги презентираше се релевантни и треба да бидат земени како основ за обновување на постапката.

Емисијата Тешки муабети можете да ја проследите ТУКА



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838