Пyкање во Koчани четвopица повpeдени

Вистинска драма среде полициски час се случува во Кочани. Инфомакс дојде до информации за вооружен конфликт и неколкумина повредени, пукање кое се случило откако локалното население ја зело „правдата“ во свои раце.


Веќе подолго време има тензии помеѓу месност Трајаново Трлово и Усова чешма каде едни покрај други живеат припадници на ромско население и македонско социјално загрозено население.


Македонското население повеќе пати барало заштита од локалната полиција поради се почестите кражби од страна на ромското население. Со состојбата бил запознаен и градоначалникот, а се случувале и протести на локалците.


Ситуацијата ескалирала денеска откако Ром бил фатен на лице место како краде за време на полицискиот час. После настанот Ромот се вратил со повеќе лица назад на местот на злосторството со цел да се пресмета со македонското население, тие со себе носеле хебли, палки и секира со цел да се пресметаат со македонското население кое го фатило крадецот.

ОВа резултирало со меѓусебна физичка пресметка на двете групи и со четворица повредени, а се слушнале и неколку истрели од огнено оружје. Немаме повеќе информации за тоа во каква состојба се наоѓаа повредени од пресметката и дали има лица со прострелни рани.


Она што е клучно е што проблемот се провелкувал веќе неколку месеци, а се појавил по влошување на економската состојба во градот како што напоменавме имало и протести, но од власта не било понудено никакво решение.



извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838