Елиф Елмас позитивен на коронавирус


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е позитивен на коронавирус и нема да може да настапи на дербито во Серија А во кое неговиот Наполи на 6 јануари игра против Јувентус.


Иако нема симптоми, тестот кој Елмас пред тргнувањето за Неаполпо краткиот одмор во Македонија е позитивен и ќе мора да остане во изолација. Ова е втор пат „дијамантот“ да биде позитивен на коринавирус, претходно позитивен тест на ковид-19 имаше и во октомври 2020 година.


„Елиф Елмас е позитивен на коронавирус, на тестирањето извршено во Македонија пред неговото враќање во Италија. Фудбалерот е вакциниран и нема никакви симтпоми, но наредниот период ќе го мине во самоизолација“, објави Наполи.

29060043_2016680208590936_36926234558838