Д-р Беќаровски: Замислете утре 20.000 заразени да се шетаат низ град, ова е „Монти Пајтон“ Собрание


Откако денеска во Собранието, пратеничка на владеачката СДСМ дојде да гласа на седница, облечена во скафандер, бидејќи е позитивна на ковид – 19, се огласи на Фејсбук докторот Нико Беќаровски. Беќаровски се нашали околу денешните случувања во Собранието, а истото го нарече „Монти Пајтон“.

Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина, вели Беќаровски.

Како што додаде, тој денес дознал дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина.

– Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица, напиша докторот на својот Фејсбук профил.

29060043_2016680208590936_36926234558838