Манчини: Фокусот ми е на Македонија!


Роберто Манчини тврди дека размислува само за репрезентацијата на Македонија, за претстојниот бараж натпревар за СП идната година.

Актуелниот европски шампион ќе мора да ги одмери силите против Македонија.

„Мислам дека титулата на ЕП доста не опушти. Затоа не ги одработивме добро завршните минути од квалификациите за СП. Меѓутоа, шансата е тука и јас сун оптимист. Верувам дека ќе одиме во Катар. Фокусиран сум на Македонија“, порачува Манчини.

Ждрепката сигурно беше една од најнепосакуваните за Македонија, но што е тука е, некогаш за да бидете меѓу најдобрите, мора да се изборите со најдобрите.

29060043_2016680208590936_36926234558838