Тајсон до крајот на годинава во рингот ги сака Холифилд и Луис


Најмладиот светски шампион во боксот, во тешка категорија Мајк Тајсон, не престанува со идејата за хуманитарни борби со легендите во овој спорт. Тој во својот подкаст „Хотбоксинг“, откри со кој двајца боксери планира да влезе во рингот до крајот на 2021 година. -До крјаот на годинава сакам да ги одмерам силите во рингот со Ивандер Холифилд и Ленокс Луис, изјави 54 – годишниот Тајсон.

Прековорите за спектаклот меѓу Тајсон и Холифилд се во завршна фаза и наскоро се очекува са биде објавен и официјалниот датум за оваа борба.

–Мислам дека можам со двјацата да се борам до крјаот на годината. Во спротивно би сакал да имам егзибиционен меч со Тајсон Фјури. Но, доколку имам борби со Луис и Холифилд годинава би бил пресреќен, би рекол дека тоа тоа што го сакам. Би продолжи со својот живот. Ќе ги урнам сите рекордисо тие борби, вели Тајсон.

Тајсон минатиот ноември се врати во рингот и одработи една егзибициона борба со Рој Џонсон Јуниор. Двете легенди одработија импресивен меч кој заврши без победник. Целиод приход од оваа борба беше дониран во хуманитарни цели , а 54 – годишниот Тајсон најави уште многу такви манифестации.

Холифилд во 1996 година го одработи првиот меч со Тајсон и славеше со технички нокаут во 11. рунда, а нивната втора борба во 1997 година беше одбележана со дисквлаификацијата на Тајсон заради тоа што му го одгриза увото на Холифилд. Луис е последниот неприкосновен шампион во тешка категорија, а кариерата ја заврши во 2003 година по победата над Виталиј Кличко.


29060043_2016680208590936_36926234558838