ПРИЛЕП MAФИJA : Уaпceниот кoмaндиp на мacа co oбвинитeли и инспектopи, cликaн со 3aeв и со оружје


Пред два месеци Инфомакс пишуваше за големата полициска акција во Прилеп, акцијата која се спроведуваше за разбивање на голема група на лица осомничени за трговија со дрога и наркотици.


Во акцијата се трага по дрога, кокаин, хероин и марихуана, беа уапсени 7 лица, додека осомничени беа 20.


Тогаш се потврдија информациите на „Инфомакс“ дека меѓу уапсените е Јове Џагардуроски, член и истакнат активист на СДСМ, менаџер во ресторанот „Ла Пјаца“ за кој се зборува дека е сопственост на директот на Царинската управа на Р.Македонија Горан Сугарески.

На социјалните мрежи, Џагардуроски редовно објавуваше фотографии од неговите дружби со командирот на ОВР Прилеп Кире Спиркоски – Чипсио кој беше уапсен во вчерашната акција на МВР.


Во акцијата којашто вчера ја спроведуваше МВР во соработка со американската ДЕА, уапсен беше и командирот од полициската станица во Прилеп.


Припадниците на МВР вчера околу 14 часот пресретнаа камион натоварен најверојатно со марихуана, во вредност од 800.000 евра. Дрогата била транзит низ Македонија. Во полициската акција како што напоменавме уапсен е командирот на полициската станица Прилеп Кире Спиркоски.


Она што е важно е дека Спиркоски е истакнат поддржувач на СДСМ, а од неговите фотографии се гледа дека е близок и со самиот Заев.


На социјалните мрежи сега кружи фотографија на која командирот се гледа во друштво на обвинители и инспектори во Прилеп, но и градоначалникот на Прилеп.

Чипсио како што е надимакот на командирот е забележан и како присуствува на состаноци со активисти на СДСМ Прилеп, заедно со градоначалникот Јованоски и првите луѓе на партијата.

Инфомакс и претходно пишуваше за „каубоецот од Маркукуле“ кој додека во Прилеп се фрлаа бомби по ресторани и кафулиња, се случуваат свирепи убиства, тешки кражби се сликаше како ги чисти пиштолите.


извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838