Лозановска: Дали пратениците се над законот?


По објавувањето на веста дека пратеничката на СДСМ од Битола со скафандер тргна кон Собранието за денешните седници, со своја реакција се огласи пратеничката од ВМРО ДПМНЕ од Битола Олга Лозановска. Таа на својот Фејзбук профил напиша:


„ Дали пратениците се над законот!!!! Дали законите за нив не важат? Како може заразен пратеник од Ковид 19 да оди на работа? Па уште со амбулантно возило!!! Кој е тој што дозволи пратеник, заразен од Ковид 19 да доаѓа на работа со амбулантно возило??? Кој е тој што потпиша за возилото????

СЕ ШИРИ ЗАРАЗАТА, МЛАДИ ЛУЃЕ УМИРААТ. ЦИРКУЗ ОД НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ.

АКО ТОЛКУ СЕ ГРИЖЕВТЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ НЕМАШЕ ВАКОВ ПУСТОШ ДА НАПРАВИТЕ.

НИЕ, ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ СМЕ ТУКА ДА ГО ИЗГЛАСАМЕ ПЕТТИОТ СЕТ НА МЕРКИ!!“ напиша Лозановска.



29060043_2016680208590936_36926234558838