Американската агенција влегува во пресметка со картелот на Заеви


Новинарот Љупчо Златев преку Фејсбук статус пишува дека американската агенција влегува во пресметка со нарко картелот на Заеви. Тој пишува за запленетата дрога од ДЕА во вредност од 800.000 евра, а за истото пишува и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Новинарот Љупчо Златев преку Фејсбук статус пишува дека со денешната акција со која е запленета дрога раководела американската агенција ДЕА, заедно со обвинителството, а МВР до последниот момент не знаеле ништо. Тој вели дека во истата афера е уапсен возачот на Трајче Заев.

– Александар Ушилковски, возачот на Трајче Заев, уапсен со 800 кила марихуана која се носела на црниот пазар. Уапсен во комбе кое е сопственост во фирма партнер (во сопствеништва) со фирмите на Заеви. Со него уапсени двајца високи полициски функционери. Едниот командир на полицијата во Прилеп, друг од БЈБ. Со акцијата раководела американската агенција ДЕА, заедно со обвинителството. МВР до последниот момент не знаеле ништо! Американската агенција влегува во пресметка со нарко картелот на Заеви! God bless America!, пишува Златев.

извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838