3.000 луѓе се собраа на погреб во Студеничани – за последен пат се простија од 8-те деца и четворица


Над 3.000 лица се собраа за погреб во Студеничани на повеќе лица од иста фамилија кои го изгубија животот во фаталната несреќа во Бугарија.


Станува збор за 12 жртви кои биле од истото семејство Јахиу од селото Моране во општина Студеничани. Осум од нив биле деца и четворица возрасни лица од кои две мајки и уште две жртви од поширокото нивно семејство.


Телата на 45 починати македонски патници беа донесени со два авиони денеска на Скопскиот аеродром.


Во фаталната автобуска несреќа во Бугарија згасна животот на 45 лица, а 7 преживеаја.


29060043_2016680208590936_36926234558838