Јапонски Nidek во Нови Сад - Србија вложува 1.5 милијарди евра


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека доаѓањето на јапонската групација Nidek, која во Нови Сад ќе изгради фабрика за погонски мотори за електрични возила, е голем ден за Србија, затоа што што ќе придонесе за развојот на градот и на целата земја, а верува и дека тоа е само почеток на јапонските вложувања во Србија, пренесува РТС.


Вучиќ по состанокот со делегацијата рече дека ова е величествен подарок за Србија, и се заблагодари на сите кои работеа на тоа. Рече дека е многу важно што Србија на мал простор има два јапонски инвеститори, Tojo Tajers во Инџија и оваа нова инвестиција во Нови Сад. Вели дека ова само говори колку е Србија добра за инвестирање. Како што вели, Јапонците не одат било каде да инвестираат.


„Ова е еден од проектите кои суштински ја менуваат нашата земја“, изјави Вучиќ и додаде дека на донесување на оваа инвестиција работеле подолго време.


Вели дека Србија сега има две цели, да ја победи короната, и да има што поголем економски раст, за што се потребни инвестиции, посебно странски. Од инвестиците на Nidek кои се 1.5 милијарди евра, повеќе од половина ќе бидат во Србија.


Само во првата фаза ќе бидат вработени 480 луѓе. Вучиќ верува дека ова е само 10 отсто од она што ќе вложат. Nidek во светот вработува 120.000 луѓе. Фабриката во Нови Сад ќе дојде до израз, затоа што до 2025 година, електричните автомобили масовно ќе се применуваат во Европа.



извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838