Николоски: МВР издало документи и на шпански нарко бос


Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на Твитер побара оставка и одговорност од македонските власти за давање на пасоши на криминалци. Тој објави вест од Шпански медиум, кадешто пишува дека МАКЕДОНСКИ државјанин, Луи Волина е осуден на пет години и единаесет месеци затвор за водење на криминална мрежа. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, објави информации од шпански медиум кадешто пишува дека македонски државјанин, Луи Волина, бил обвинет за водење на криминална мрежа во Шпанија.

-Луи Волина, МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН со „традиционално“ македонско име веројатно крстен на дедо му Slightly smiling face е осуден во Шпанија во 2020 за ТРГОВИЈА СО ДРОГА., пишува Николоски.

Тој бара одговорност и оставки од македонските институции. -Нема нарко бос на кој не дале МАКЕДОНСКИ ПАСОШ. ОСТАВКИ И ОДГОВОРНОСТ!, додаде тој.

Шпанските медиуми пишуваат дека Луи Волина, македонски државјанин кој престојувал во Калдас, на 4 март 2020 година бил осуден на пет години и единаесет месеци затвор за водење на криминална мрежа што работела од различни општини во Понтеведра, вклучувајќи го и Калдас де Реис, каде бил уапсен.

-Волина, познат на властите по неговата врска со трговија со хероин, призна пред судот дека е одговорен за мрежата што беше демонтирана во јануари 2013 година, при трансфер на шест килограми хероин, кои беа запленети на патот кон Виларгасија де Ароуса, пишуваат шпанските медиуми.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838