КОТЕВСКИ: СОМНЕЖ ЗА КОРУПЦИЈА ПРИ ЈАВНА НАБАВКА ВО „ЈП ПАЗАРИ -БИТОЛА“


Почитувани, денес ќе ја информираме битолската јавност за скандалозната јавна набавка на фотоволтаици во ЈП Пазари Битола.

Имено јавната набавка бр.03144/2019 ја следат неколку скандалозни моменти за кои битолската јавноста треба да биде информирана а Директорот на ЈП Пазари Владе Атанасовски е должен да одговори на “случајности“ во врска со оваа набавка. Јавната набавка е објавена од страна на Претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, како вработен во ЈП Пазари и партиски шеф на Директорот Атанасовски.

Прво:Дали во објавената набавка на ЈП Пазари е претходно прикажана проценетата вредност на набавката согласно планот за јавни набавки на Претпријатието? Дали и покрај тоа што не е објавена проценетата вредност на јавната набавка се јавува само една фирма која „случајно“ ја погодува проценетата вредност до денар односно 1,100 000 денари.

За да биде сомнежот уште поголем Договорот за оваа јавна набавка е склучен на 1,298,000 денари што говори за злоупотребата на службената положба од страна на Директорот Владе Атанасовски бидејќи склучил договор далеку над вредноста утврдена со планот за јавни набавки и тендерската документација.

Фирмата ЕНЕРКОМ ГРУП ДОО Битола која се јавува „случајно“ е во сопственост на Благојче Котески екс советник во Советот на Општина Битола од СДСМ и поранешен извршен директор на Македонски енергетски ресурси АД.

Дали вака изработените технички спецификации ја фаворизираа само фирмата на екс советникот Благојче Котески.

Го повикуваме Директорот, Атанасовски веднаш да излезе и да одговори на поставените прашања и доколку се ова е точно да си поднесе ОСТАВКА од Директор на ЈП Пазари Битола.

НИКОЛА КОТЕВСКИ - секретар на ОК ВМРО ДПМНЕ - Битола


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum