ИНФОМАКС: Heoфициjaлно: Bo aкциjaта за дpoга нacтрада и шoфepoт на Тpaјче 3aeв


Неофицијално дознаваме дека еден од приведените во денешната акција на МВР е шоферот на Трајче Заев кој е братучед на Зоран Заев.

Станува збор за Александар Ушилковски кој наводно бил фатен со дрога во вредност од 800 илјади евра.

Ако оваа информација е точнa, се наметнува прашањето дали МВР отвора војна со криминалот на кланот Заеви.

Информацијата доаѓа откако МВР се најде во во средиштето на скандалот Мафија каде познати нарко босови добивале пасоши со украден идентитет од луѓе од Струмица кои се блиски до премиерот.

Од МВР велат дека повеќе информации за акцијата ќе има во текот на денот бидејќи акцијата е се уште во тек.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски истакна дека денешната акција е во координација со американската ДЕА.


извор: инфомакс


29060043_2016680208590936_36926234558838